Две лица под истрага за пожарот во куќа и ресторан во скопско Дебар Маало

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот на индивидуална куќа и ресторан во скопско Дебар Маало во ноември годинава.

-Надлежниот јавен обвинител утврди дека постои основано сомнение дека лицата како соизвршители на 26 ноември годинава со пожар предизвикале значителна опасност по животот на еден оштетен и неговото најблиско семејство, како и поголема имотна штета на објектот – индивидуална станбена куќа и ресторан во скопско Дебар Маало, во сопственост на оштетениот, се наведува во соопштението од ЈОРМ.

Осомничените, како што велат од Обвинителството, набавиле едно шише запаллива течност. Потоа едниот осомничен чувал стража, додека другиот со течноста го полеал внатрешниот дел од оградата на терасата на ресторанот и го запалил. Пожарот за многу кратко време се проширил од ресторанот до вториот кат на објектот, каде што престојувало семејството на сопственикот. Се работи на утврдување на мотивите за извршување на кривичното дело.

-Ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на страв од бегство и на страв дека осомничените можат да ги сокријат трагите на кривичното дело и дека ќе ја попречуваат истрагата со влијание врз сведоците, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка достави и Предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица., се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Со потерница ќе се бара 18-годишниот бегалец кој ја прегази Љуба Јаковлеска

Горан Наумовски

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ