А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Две лица осомничени за изнуда

by А1он22/01/2020 - 14:27303
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 29 и 28 години, поради постоење основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – изнуда.

Добивај вести на вибер

Осомничените, како се наведува во соопштението на скопското Обвинителство, на 14 јануари, заедно и со намера за себе да прибават противправна имотна корист, употребувајќи сила принудиле едно лице да им го даде неговото возило „Форд ескорт“.

-Двајцата најпрвин дошле во домот на оштетениот и започнале расправија со него. Потоа еден од осомничените со метална шипка која ја носел со себе започнал да го удира оштетениот по телото, додека вториот осомничен го удрил оштетениот со бокс во неговото лице. На тој начин тие го присилиле да им го даде возилото и го напуштиле местото, а следниот ден автомобилот го продале за 11.000 денари, информираат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Воедно надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка куќен притвор за едниот осомничен, додека за другиот побара да бидат определени мерки на претпазливост.

hronika

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Катерина Ѓуровски25/03/2026 - 11:31

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:5621/03/2026 - 14:59

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 14:15

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:29

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 08:24

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто