Две лица осомничени за измама и лажно претставување

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против две лица, од кои едното е осомничено дека го сторило кривичното дело „измама“, а другото – „лажно претставување“.

Првоосомничениот сакајќи да прибави противправна имотна корист за себе, лажно прикажал факти дека има информации оти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, од еден од наводно осомничените и негов пријател побарал парична награда од 75.000 евра, кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите врски што наводно ги имал со истражители во Обвинителството за да се запре постапката.

– Наредбата со невистинита содржина која му ја прикажал на оштетениот за да го увери во вистинитоста на своите тврдења, осомничениот ја креирал на неговиот компјутер, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Во тоа му помогнал и вториот осомничен, кој на средба со оштетениот лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање и воедно истражител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, информира денеска Јавното обвинителство.

На 3 ноември, првоосомничен се сретнал со оштетениот во ресторан во Скопје кој му дал 5.000 евра.

За двајцата осомничени побарана е мерка притвор поради реална опасност од бегство.

Би можело да ве интересира

Обвинителство: Нови тројца осомничени во аферата „Адитив“

Oбвинителството контра ДУИ: Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани

Горан Наумовски

Обвинителството поднесе жалба против малата казна затвор за Пајазити кој ја усмрти Теодора Ристовска

Горан Наумовски

Се прибираат докази во истрагата за пожарот во „Пулс“

Oбвинителство за седум полицајци бара притвор, тројца се обезбедени со претходна постапка

„Камен“ пијан, без возачка предизвикал несреќа, па лажел дека е агент на АНБ