Две лица од скутер пукале во автомобил кај Зоолошка

Од:

Две лица кои се возеле на скутер вчера попладне на булеварот „Илинден“, кај Зоолошката градина, пукале со пиштол во „Форд Фокус“ на кој претходно му го скршиле ретровоизорот во движење, соопшти полицијата.

Настанот се случил во 16:10 часот.

Со Д.М.(1991) од Скопје, кој го управувал возилото „форд фокус“, биле неговата сопруга Е.М., малолетното дете, братот А.М. и другарот К.М.. Откако застанале на семафорите, покрај нив поминал скутерот, при што со рачките им го оштетиле десниот ретровизор. А.М им рекол на двете лица со скутерот да застанат, но тие продолжиле да се движат и се паркирале на автобуската постојка. Д.М го запрел возилото на околу пет метри пред скутерот и на ретровизорот забележал како едно од лицата го отворило седиштето на скутерот, но кога сакал да излезе, сопругата и братот почнале да викаат дека лицата имаат пиштол.

Д.М. го стартувал возилото, но во еден момент се слушнал удар во пределот на задната шофершајбна која се распрскала на парчиња. Д.М. успеал да избега на булеварот „Партизански Одреди“, каде забележал полициско возило, по што го пријавил случајот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка