А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Две лица обвинети за измама во Скопје

by А1он18/12/2020 - 10:55280
Share0

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – измама.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, обвинетите соизвршители на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот бил униформиран полициски службеник во СВР Скопје, довеле во заблуда едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет, информираат од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека на 7 декември тие стапиле во контакт со оштетениот, му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против семејната фирма од Куманово во сопственост на член на семејството на оштетениот се води постапка од Одделението Интерпол при МВР Скопје. Притоа тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето на фирмата.

Оштетениот, како што велат од Обвинителството, го одржале во заблуда така што еден од обвинетите, при остварена средба, прикажал оригинална полициска легитимација со логото на МВР. Другиот обвинет, пак презентирал лажен факт дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат неговата сопруга и неговиот братучед. Обвинетите побарале пари од оштетениот за да се затвори наводниот предмет против правното лице. На договорена и остварена средба на 8 декември во ресторан во Визбегово, оштетениот на еден од обвинетите му исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај обвинетиот.

Следете a1on на Youtube YouTube

Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за двајцата обвинети, ценејќи дека и натаму постои опасност тие да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​

krazba

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он25/07/2026 - 18:1225/07/2026 - 18:18

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Горан Наумовски15/07/2026 - 16:53

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски05/06/2026 - 15:0405/06/2026 - 15:05

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео