Две лица не го почитувале полицискиот час во Берово

Од:

Против две лица Основното јавно обвинителство Берово поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, на 5 април, за време на полицискиот час, биле затекнати како со автомобил се движат по регионалниот пат од Струмица кон Берово. Запрени биле од полициски службеници во атарот на селото Ратево, кај местото викано Три Реки.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот суд Берово на секој од обвинетите да му изрече алтернативна мерка – Условна осуда со која ќе им биде утврдена казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши ако обвинетите во рок од една година не сторат ново кривично дело​

Би можело да ве интересира

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

(ВИДЕО) Ружински: Предвидуваме трајно решение за проблемот со улицата „Илинденска“ во Берово

„Етно Плоштад Фестивал 2025“ во Берово

А1он