Две лица лишени од слобода за фалсификување пари

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје вчера ги лишила од слобода лицата А.Л. (43) и Х.Б. (42) од Скопје поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Како што соопшти МВР, по преземени оперативни мерки и активности констатирано е дека приведените на крајот од минатата година, односно на 30 декември 2017 година во супермаркетот „Тинекс“ во промет пуштиле 20 фалсификувани банкноти во апоени од 500 денари.

При лишувањето од слобода и извршениот претрес, кај А.Л. се пронајдени шест банкноти во апоени од по 100 евра, шест банкноти во апоени од по 50 евра, три банкноти во апоени од по 500 денари, една банкнота од 1.000 денари, две банкноти во апоени од по 100 денари и една банкнота од 200 денари. Притоа било утврдено дека две банкноти од по 100 евра и две банкноти во апоени од по 500 денари се фалсификувани и подготвени за пуштање во промет од страна на А.Л. При претресот кај А.Л. пронајдена е фалсификувана лична карта.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец