• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Две кражби во Боговиње, одземени милион и 600 илјади денари

by А1он28/12/2016 - 14:1592
Share0

Две кражби на поголеми суми пари и лични документи се случиле во куќи во Боговиње додека нивните сопственици спиеле, информира денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски. Во првиот случај при кражбата во куќата на Џ.А.(51), како што рече, вкупната сума на одземени пари се проценува околу еден милион и четиристотини илјади денари.

Добивај вести на вибер

– Според пријавата на сопственикот кражбата се случила вчера во периодот помеѓу 01:00 и 06:00 часот. Засега непознати сторители додека домашните спиеле во салонот на приземјето од куќата и во спалната на првиот кат, насилно ја отвориле влезната врата, откако целосно ја демонтирале цилиндер бравата, влегле и ги одзеле панталоните на сопственикот во кои имало 20 илјади денари во разни апоени, а потоа од закачалка одзеле јакна во која се наоѓале 20 илјади евра во разни апоени,  паричник со 400 евра и лични документи на пријавителот, како и несесер со 120 илјади денари. Со одземеното незабележани од никого ја напуштиле куќата противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на милион и 400 илјади денари, рече Јосифовски.

И  втората кражба, но во куќата на  С.И. (21) во Боговиње според пријавата на сопственикот се случила приближно во истиот период,  односно вчера помеѓу 01:00 и 07 часот и 30 минути. Како што информира Јосифовски, и во овој случај засега непознати сторител на неутврден начин и без да ја оштетат вратата влегле, ги пребарале сите простории и од панталони во собата во која спиел пријавителот одзеле 3.500 швајцарски франци и 6.000 денари во разни апоени, како и црна чанта со различни документи која подоцна била пронајдена во близина.

– Со одземеното, стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 180 илјади денари, крадците незабележани ја напуштиле куќата, рече Јосифовски.

И на двете места полицијата извршила комплетен увид и работи на расветлување на пријавеното и  откривање на сторителите.

krazba

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски01/12/2025 - 20:2401/12/2025 - 21:12

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски29/11/2025 - 19:5129/11/2025 - 20:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен