Две групи кумановци физички се пресметувале

Од:

Две групи кумановци вчера физички се пресметувале во Центарот за социјални работи, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 11:18 часот во СВР Куманово, триесет и петгодишната Ј.И. од Куманово пријавила дека во Центар за социјални работи во Куманово била физички нападната од дваесет и двегодишната Л. А.

– Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека во Центарот за социјални работи настанала физичка пресметка помеѓу Ј.И., М.И.(39) и В.И.(18), од една страна и Л.А.(22) и К.А.(51), од друга страна, сите од Куманово. На лицата им бил изготвен извештај за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти СВР Куманово.

Надлежните од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека тепачката се случила надвор од просториите на установата.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он