Две девојки се тешко повредени во судар на полициско „јети“ и „пасат“

Од:

Две девојки се тешко повредени во сообраќајка што се случила ноќеска во Гостивар помеѓу полициско возило „шкода јети“, сопственост на МВР, и патничко возило „пасат“, со гостиварски регистарски ознаки.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Седек Костоски“ и „Б. Блажески“ во 04:20 часот. Во полициското возило се превезувале двајца полициски службеници, додека во „пасатот“, управуван од Б.Л. (21) од Гостивар, сопатнички биле М.К. (21) и М.Д. (21), двете од Гостивар. Во несреќата, М.К. и М.Д. се здобиле со тешки телесни повреди, а другите тројца учесници со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар Гостивар.

Известени се јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди, а увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Би можело да ве интересира

Полјаци со четирицикли влегле во воени магацини во Тетово, четворица приведени

Човечки труп пронајден во канал во Бардовци

Катерина Ѓуровски

Трагедија во радовишко: 77-годишник загина при сечење дрва

Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четворица малолетници го запалиле македонското знаме, се пофалиле на ТикТок

Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко