Две девојки повредени по превртување на возило на автопатот Тетово-Скопје

Од:

Девојки на возраст од 20 и 17 години од тетовско Копанце се повредени денеска околу 17. 45 часот, при превртување на возилото со кое се превезувале на автопатот Тетово-Скопје информираат од СВР Тетово.

-На автоптатот во близина на Желино, атар на Сараќино, патничко возило опел корса со кое се превезувале две женски лица на 17 и 20 години од Копанце изгубило контрола по што се превртело на другата коловозна лента. Со возило на итната помош поради телесните повреди двете се однесени во Тетовската клиничка болница. Таму се задржани за лекарска опсервација, информираат од СВР Тетово.

Увидот е во тек со цел да се утврдат причините и околностите поради кои дошло до сообраќајната незгода.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он