Две бугарски државјанки кои на 28 март биле фатени на дело од полицаец додека џепареле на Бит Пазар, добија условни казни од судија во претходна постапка, информира МВР.
Отсекот за џепни кражби при СВР Скопје со кривични пријави ги кражба ги предал бугарските државјанки Т.Н.М. (34) и П.М.С. (30), на судија во претходна постапка, кој пак им одредил мерка една година условно, за три години казна затвор и протерување, односно забрана за влез во РМ во траење од десет години.