А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дванаесетгодишник му се заканувал со пиштол на соученик

by А1он06/12/2014 - 13:0679
Share0

Дванаесетгодишен ученик донел наполнет пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и го вперил во стомакот на соученик по вербална расправија што се случила пред училница во основното училиште „Истикбал“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

Случајот бил пријавен од негов врсник кој заедно со татко му вчера пријавиле дека по завршувањето на петтиот час околу 11 часот, на малиот одмор, пред училницата во која учел му се доближил ученик на иста возраст и по кусата вербална расправија извадил пиштол од појасот и му го вперил во стомакот.

– Исплашен седмооделенецот викнал по класната раководителка, а другиот го скрил пиштолот. Нешто подоцна, по пријавувањето на случајот, пиштол „Црвена застава“ калибар 9 милиметри и 10 куршуми пронајдени се покрај корпата за отпадоци во училницата, а празната рамка пронајдена е во тоалетот на училиштето. Пиштолот бил на дедото на ученикот што го донел во училиштето и за него сопственикот поседувал соодветна дозвола. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци, изјави Јосифовски.

Фото: Илустрација

mvr

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен