Дванаесет починати лица и 161 нов случај на Ковид-19

Од:

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа е направено 771 тестирање, а регистрирани се 161 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје-90, Куманово-11, Штип-2, Прилеп-6, Тетово-5, Велес-4, Кавадарци-2, Гостивар-15, Струмица-8, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-3, Пробиштип-2, Берово-6, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од: Скопје-62, Куманово-6, Штип-4, Прилеп-6, Тетово-7, Струга-4, Велес-3, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-5, Гевгелија-2, Струмица-10, Радовиш-4, Кочани-12, Пробиштип-6, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Свети Николе-2, Кичево-2.

Починати се 12 лица, 7 пациенти од Скопје (56, 86, 71, 57, 41, 86 и 82г), пациент од Струга (67г), од Тетово (85г), од Битола (68г), од Кавадарци (56г) и пациент од Прилеп (63г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23788, бројката на оздравени пациенти е 17392, на починати е 846, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5550. Од вчера се евидентира еден конторлен тест, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9942, активни 2674

• Куманово 1986, активни 225

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1446, активни 159

• Прилеп 931, активни 226

• Тетово 1727, активни 288

• Струга 749, активни 75

• Велес 433, активни 97

• Битола 466, активни 151

• Охрид 510, активни 86

• Кавадарци 323, активни 85

• Гостивар 1040, активни 104

• Гевгелија 267, активни 141 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 588, активни 358

• Крива Паланка 178, активни 62

• Радовиш 172, активни 70

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 569, активни 195

• Пробиштип 141, активни 20

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 7

• Берово 170, активни 44

• Валандово 83, активни 47

• Виница 150, активни 49

• Делчево 212, активни 116 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 424, активни 58

• Кичево 418, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 771 теста се преку: ИЈЗ-368, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-29, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори) -158, Систина со PCR метода -154, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-7, Синлаб-0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 221.782 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 61 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на ковид-19, 2 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 230, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска