Дванаесет лица во самоизолација во Малешевијата

Од:

Пехчево и Берово се меѓу општините кои се уште му одолеваат на коронавирусот. Ова, според епидемиологот Сузана Каракашева, се должи на свеста на граѓаните за задолжителното почитување на мерките и препораките на Владата и Министертстворо за здравство. Во моментов, од сите 12 лица кои се наоѓаат во самозиолација во Пехчево и Берово, ниту еден нема симптоми на КОВИД-19.

– Во самоизолација во Пехчево моментално има едно лице, додека 11 лица се во самоизолација во Берово. Сите се во добра здравствена состојба без симптоми на болеста. Апелирам и понатаму на почитување на мерките и препораките за заштита од КОВИД-19, со што ќе останеме на листата на општини каде не е регистрано присуство на вирусот, истакна Каракашева.

Пехчево е релативно и град со најсовесни жители кога станува збор за почитување на полицискиот час. Како што информираа од пехчевската полиција, не е поднесена ниту една кривична пријава за прекршување на забраната за движење.

– Во однос на прекршувањето на полицискиот час во општина Пехчево немаме казнети или пријавени лица. Што се однесува до општина Берово, досега поднесени се осум кривични пријави, информираа од полициската служба.

Покрај Пехчево и Берово, меѓу градовите на Истокот од земјава без случаи со коронавирус се и Делчево и Македонска Каменица. Во самоизолација во овие две општини се 17 лица.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски