Дванаесет лица од Битола не го почитувале полицискиот час и самоизолацијата

Од:

Дванаесет лица во Битола не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија и за нив Основното јавно обвинителство поднесе предлози за изрекување казни.

Седум од нив не ја почитувале забраната за движење во полициски час и за нив се предлага парична казна од 100 дневни глоби, а секоја глоба да биде во висина од по 20 евра.

Останатите пет лица, кои биле во државен карантин во траење од 21 ден во хотелот Молика, биле затекнати како се сбираат во една соба иако им било забрането да ги напуштаат своите соби.

За четворица од нив, Обвинителството бара да им се изрече парична каза од по 100 дневни глоби во вредност од по 20 евра.

За лицето во чија соба биле затекнати се предлага парична казна од 100 дневни глоби со тоа што секоја глоба да биде во висина од по 30 евра.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска