Двајца жители на гостиварско Здуње осомничени за илегална продажба на марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека го сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

До судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар надлежниот обвинител поднесе и предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон.​

Во декември 2020 година, првиот осомничен од засега непознато лице набавил 13,02 грама марихуана, спакувана во 21 помало пакување. Дрогата му ја дал на вториот осомничен со намера да ја препродаде. На 1 јануари, во селото Здуње, вториот осомничен бил затекнат од полициски службеници. Кога се обиделе да му извршат проверка, тој пружил активен отпор и се дал во бегство. Бил стигнат и совладан, па кај него била пронајдена дрогата која веднаш била одземена.

Би можело да ве интересира

Тинејџер објавувал мотнирани експлицитни слики од малотетничка на социјални мрежи

Двајца 30-годишни скопјани пронајдени мртви во куќа во Гостиварско

Лажен лекар измамил дедо од Виница за 430 илјади денари

Катерина Ѓуровски

Скриен арсенал муниција и гранати откриен покрај локален пат кај Гостивар

Жената не внимавала на пешаците, прегазениот човек се движел по коловозот наместо по тротоарот, соопшти Обвинителство

Двајца 17-годишници фатени со 48 пакувања марихуана