Двајца загинати во вчерашната сообраќајка кај Страцин, по возачот, почина и сопатник

Од:

Уште едно лице им подлегна на повредите здобиени во сообраќајната несреќа што се случи вчера на патот Куманово – Крива Паланка кај село Страцин, информираа денеска од МВР. Починал 23-годишен сопатник, откако бил пренесен за укажување лекарска помош, а вчера од здобиените повреди почина 55-годишен возач на едното од возилата кои учествуваа во несреќата.

Сообраќајката се случи вчера во 9:40 часот кај местото Чешмиче пред село Страцин меѓу две патнички возила „фиат пунто“, едното со кумановски регистарски ознаки управувано од 55-годишниот возач Б.Ѓ. од село Железница и второто со кратовски регистарски ознаки, управувано од 26-годишниот И.М од Битола.

– Во незгодата од здобиените повреди починал Б.Ѓ., додека сопатникот од истото возило Ф.Ѓ.(23) од сeло Железница и И.М. биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, каде Ф.Ѓ. починал, информираат од МВР.

Увид извршиле јавен обвинител и полицијата.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари