Двајца загинати во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Од:

МВР извести дека вчера во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, пред наплатна станица Миладиновци, возило „мерцедес“ управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во сообраќајни знаци и во запрен камион „МАН“ сопственост на правно лице, а паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско.

Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А..

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Со тешки телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник од село Опае, кој подоцна починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во врска со настанот, од слобода биле лишени возачот на товарното возило Р.П. и одговорното лице на правниот субјект П.М.(55) од скопско.

На местото на несреќата бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево

Полицијата уапси едно лице по несреќата во Скопје во која загина 19-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат