Двајца загинати во сообраќајна несреќа кај Колари

Од:

Две лица починаа од повредите кои ги добија во сообраќајната несреќа што се случи утринава на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на мостот кај село Колари.

Според првичните информации од МВР, несреќата се случила околу 10:30 часот кога се судриле комби  и патничко возило „форд-фиеста“.

Двете лица кои биле во фордот, маж и жена, вработени во едно од министерствата, починале на самото место, додека возачот на комбето, минал со полесни повреди, а неговата сопруга која била на совозачко седиште, со скршеници е пренесена на скопски клиники.

Во тек е увид по кој треба да бидат познати детали за причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он