ФОТО: Двајца загинати и еден тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш

Од:

Две лица загинаа, а едно е тешко поврдено, во сообраќајната несреќа што се случи изутрината во 6 часот и 10 минути на магистралниот пат Струмица-Радовиш меѓу селата Владевци и Радичево.

МВР соопшти дека директно се судриле патничко моторно возило „Венто“ со штипски регистерски ознаки управувано од Т.Г.(46) и камион „Мерцедес“ со велешки регистерски ознаки управувано од М.М.(33). Од здобиените повреди на самото место починале Александар А.(25) од штипското село Карбинци, сопатник во патничкото возило и Павлина Г.(72) од с.Раброво, сопатник во камионот.

133052048

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на автомобилот „Венто“ и тој со возило на брза помош бил пренесен во Медицискиот центар-Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

133052046

Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш целосно беше во прекин до 11:30 часот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип