Двајца загинати во две сообраќајни несреќи во Битола

Од:

Две сообраќајни несреќи се случиле во текот на ноќта во општина Битола при што загинале две лица.

Првата сообраќајќа, како што соопшти СВР Битола, се случила во 3 часот по полноќ на локалниот пат Битола – Могила, кај мостот на реката Шемница. Во сообраќајката учествувале две патнички возила „хјундаи пони“ и „ауди“, а животот го загубил 32-годишниот  Пеце К. од Битола.

– Втората сообраќајна несреќа се случи утрово на влезот од битолското село Лопатица каде возачот на патничкото возило „голф 3“ 23-годишниот Валентин С. од Демир Хисар од непознати причини излетал од патот и го загубил животот, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

СВР Битола поведе истрага за утврдување на причините на двете сообраќајни несреќи што се случија во општина Битола.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип