Двајца загинати при излетување на возило од патот Катланово-Бадар

Од:

Две починати лица биле извлечени вчера од возило што било излетано од локалниот пат Катланово-Бадар, во близина на мостот на река Пчиња.

Како што информираат од МВР, вчера околу 12.00 часот било пријавено дека возилото било забележано на посочената локација, а по пријавата, интервенирала екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Таа извадила патничко возило „Фиат Мултипла“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало две починати лица. Се работи за лицата З.Н. (39) од Скопје и С.П. (22) од Скопје. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител, телата на починатите биле предадени за обдукција.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип