Двајца загинати, петмина повредени во сообраќајка кај Страцин

Од:

Две лица загинаа, а пет се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила изутрината во 5 часот и 15 минути на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, кај селото Страцин на местото викано Поповски рид.

Во сообраќајката учествувале три возила – „БМВ“ со бугарски регистарски таблички, „Голф“ со косовски и „Тико“ со кривопаланечки таблици.

Од полицијата информираат дека во несреќата се починати возачите на „БМВ“ и на „Голфот“, а повредените пет лица биле сопатници во „Тикото“ и косовскиот „Голф“.

Тешко повредените лица се пренесени во болница. Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата, по што ќе бидат познати повеќе детали.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он