Двајца загинати и 31 повреден во вкупно 34 сообраќајки во Скопје

Од:

Еден возач и еден сопатник загинале во сообраќајна несреќа, а двајца велосипедисти се потешко повредени во две сообраќајни незгоди што се случиле викендов на подрачјето на Скопје. Со лесни телесни повреди се здобиле 29 лица во 16 сообраќајни незгоди.

Според полицискииот билтен, на подрачјето на Скопје викендов се случиле вкупно 34 сообраќајки, а од нив во 15 е причинета материјална штета.

Вкупно 180 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени и 21 лице кое возело под дејство на алкохол. Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај и 33 возачи пред да се стекнат со правото за управување на возило и шест возачи почетници, како и 26 нерегистрирани возила.

Единаесет возачи поминале на црвено светло, а 27 возачи немале соодветна зимска опрема.

Издадени се 125 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 74 возила.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан