Двајца загинати, три деца во критична состојба по сообраќајката во Кочанско

Од:

Една жена почина, три деца се борат за живот во Ургентниот центар во Скопје, од вкупно 12-те донесени во Скопје по тешката сообраќајна несреќа што се случи вечерва во близина на кочанското село Оризари.

Едно од децата е во многу критична, коматозна состојба, а во животна опасност се уште пет лица. Едно лице е хоспитализирано на Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“. Од Општата болница во Кочани информираат дека три деца се на интензивна нега во таа здравствена установа и се во стабилна состојба.

Премиерот Никола Груевски и министерот за здравство Никола Тодоров вечерва ги посетија повредените во Ургентниот центар.

– Се преземаат сите мерки, целиот систем е мобилизиран, докторите даваат се од себе. Сите екипи се повикани. Сите повредени се згрижени, главно се невролошки повреди. Веројатно вечерва ќе има и интервенции. Три деца се сместени на Детска хирургија, тие не се во толку тешка здравствена состојба, додаде Тодоров.

Според Зоран Зафиров, портпарол на СВР-Штип, до несреќата дошло откако трактор со кој се превезувале 16 лица, повеќето малолетници кои биле на излет, се превртел во близина на местото Илин дол на патот меѓу кочанските села Пресека и Оризари. Несреќата се случила околу 19 часот и 30 минути. Возачот на тракторот загинал на местото на несреќата.

Во тек е истрагата на местото на настанот. Според првичните информации, децата кои се превезувале во приколката на тракторот се од кочанското село Грдовци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он