Двајца возрасни и 14-годишно дете пронајдени мртви во селото Црвени Брегови

Од:

Три безживотни тела биле пронајдени денеска во неготинското село Црвени Брегови. Оваа информација ја потврдија од Јавното обвинителство.

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Три тела се пронајдени во куќа во Пореч

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби