Двајца уапсени за убиството во Гевгелија

Од:

Секторот за внатрешни работи од Струмица поднесе кривична пријава против К.И.(31) и Р.К.(43), двајцата од Гевгелија поради основано сомнение дека првообвинетиот сторил убиство, а второпријавениот за помагање на сторител по извршено кривично дело.

– Според документираните сознанија од истрагата, констатирано е дека К.И. завчера вечер (20.11.) некаде меѓу 21 и 22 часот дошол во семејната куќа на Р.К. во Гевгелија, каде ги затекнал второпријавениот и жртвата Б.Р. При тоа, извадил шише ракија и заедно започнале да пијат. Во еден момент настанала вербална расправија во која К.И. го обвинил Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон, објасни на денешната прес-конференција, Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

По ова, додаде таа, К.И. најпрвин со употреба на физичка сила му нанел на Б.Р. удари во пределот на лицето, а потоа во континуитет продолжил на свиреп начин да му нанесува физички удари во пределот на главата предизвикувајќи смртни последици.

– Откако Б.Р не давал знаци на живот, К.И. и Р.К. прво го преместиле телото во друга просторија, а потоа Р.К. со умисла се обидел да ги прикрие трагите од кривичното дело. После ова К.И. заминал кај пријател да преноќи, рече Рендевска.

Поради основ на сомневање за сторено кривично дело – „убиство“ К.И. и Р.К. вчера се лишени од слобода и однесени во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

По наредба на јавен обвинител телото на жртвата е дадено на обдукција во судска медицина.

Вчера од страна на вработен во Итната медицинска помош во Гевгелија, околу 06,50 часот по телефон во дежурната служба во ПС ОН Гевгелија била пријавена насилна смрт на лицето Б.Р. (41) од Гевгелија во семејната куќа на пријавениот Р.К.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он