Двајца тинејџери избодени со нож на Камен мост, едниот во животна опасност

Од:

Двајца малолетници од Кратово синоќа се избодени со нож на Камен мост Скопје. Едниот малолетник има убодна рана во предлот на градниот кош од десната страна е во животна опасност, додека другиот е со телесна повреда исекотини на градниот кош.

МВР информира дека се поднесени кривични пријави против 17-годишните Е.Ш. и Ј.А., двајцата од Скопје за „убиство во обид“.

– Вчера околу 18 часот на Камен мост без повод и причина физички ги нападнале лицата Ј.Ј. роден 1995 година и Д.Ј. роден 1996, двајцата од Кратово. Во нападот употребен е нож, при што на Ј.Ј. му се нанесени тешеки телесни повреди, а на Д.Ј. телесни, изјави Марија Јаковлеска портпарол во МВР.

На двете деца им е укажана лекарска помош, Ј.Ј. се наоѓа во Ургентниот центар и е во животна опасност, додека Д.Ј. е во Градската болница.

Според првичните информации, причина за инцидентот била расправија околу дресовите што ги носеле двајцата кратовчани, кои биде дојдени да го следат фудбалскиот натпревар Македонија – Велс.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата