Двајца тетовци тешко повредени во меѓусебна тепачка

Од:

Две лица се здобиле со потешки повреди во меѓусебната тепачка што ноќеска околу 1 часот и 50 минути по полноќ се случила на улицата 133 пред угостителскиот објект „Ангел“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, тетовците З.Р.(45) и И.М.(33) најпрвин започнале вербална расправија што брзо преминала во физичка пресметка во која користеле тупаници, стаклени и други предмети. При тоа И.М. се здобил со длабока расекотина на левата страна од лицето и по укажаната помош во тетовската клиничка болница бил префрлен на скопските клиники.

Во тепачката со повреди по лицето и главата се здобил и З.Р., кој по укажаната помош бил задржан на лекување во тетовската болница.

Увид извршила екипа на СВР Тетово и се работи на расветлување на инцидентот, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена