Двајца тешко повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово-Свети Николе

Од:

Полицијата извести дека вчера околу 20 часот во полициската станица во Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај место викано „Оранжерии“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ“ управувано од Д.Ц.(39) од Свети Николе и товарно возило „фиат“ управувано од С.Т.(63) од Неготино.

Во несреќата со тешки повреди се здобиле возачот С.Т. и неговиот сопатник С.К.(58) од Р.Србија, констатирани во Клиничката болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

Три лица се повредени во украински напад со беспилотно летало врз рускиот Саратовски регион

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден