Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Прилеп

Од:

Две лица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила вчера, во 17:10, часот на регионалниот пат Р1303 во Прилеп.

Како што информира денеска МВР, во несреќата А.Ф. (33) од село Црнилиште, управувајќи патничко возило „Опел Вектра“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од патот и се превртел.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот А.Ф., кој по укажана лекарска помош во Медицински центар Прилеп, бил пренесен во Ургентен центар Скопје. Со тешки телесни повреди се здобила и сопаничката А.И. (36) од село Црнилиште која била пренесена и задржана во Медицинскиот центар Прилеп.

Со телесни повреди се здобило петгодишно девојче, кое било задржано на лекување во Медицинскиот центар Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница