ВИДЕО: Двајца странци сместени во хотел во Скопје се тестираат за коронавирус, имале симптоми на настинка

Од:

Хотел од Скопје утрово пријавил двајца странци со симптоми на настинка. Епидемиолозите им земале брисеви кои што се испратени на тестирање, а во тек се интервјуата кои треба да покажат со кого имале контакт.

Двајцата пристигнале во Скопје од Келн, Германија со авион на „Визер“ на 28 февруари. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека двајцата се во изолација во хотелската соба во која престојуваат, а какви мерки ќе се преземат зависи од резултатите.

„Следниве три-четири часа ги очекуваме резултатите. Се работи за државјани на Сингапур и на Австралија. Заедно допатувале од Келн. Сега, во овој момент, на лице место е екипа на епидемиолози кои прават разговор. Разговараат за контактите коишто ги имале, што правеле овие денови во нашиот град. Земени се брисеви, веќе се пратени на изработка, на тестирање во лабораторијата. За резултатите ќе ја известиме јавноста и ќе преземеме соодветни мерки. Тие засега ќе останат во хотелската соба кадешто двајцата биле сместени“, рече министерот Филипче.

Од денес, во соработка со операторите на мобилните мрежи во Македонија, министерот Филипче најави дека на сите странци кои доаѓаат во земјава ќе им стигнуваат пораки со податоци како да постапат во случај да почувствуваат симптоми на болеста. Во текстуална порака странците ќе ги добиваат податоците кои ги содржи флаерот за заштита од коронавирус кој се дели на сите што влегуваат во земјава.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска