Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Од:

Двајца станари, еден пожарникар и еден полицаец се повредени во пожар што избувна синоќа во зграда во скопската населба Кисела Вода, спроти Општината. Еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставија станарите под ведро небо, објави на Фејбук претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

– Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно. Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост! Сакам да се заблагодарам на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР кои со својата професионалност беа на висината на задачата и пожарот е локализиран, што е најважно нема човечки жртви, напиша градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој изрази благодарност до соседите за нивната смиреност и заедно, како што напиша, спречивме голема катастрофа.

– Оваа ноќ ќе ја поминеме заедно, ќе најдеме и преноќиште, а уште рано наутро ќе помогнеме со сите расположливи ресурси и оваа трагедија, заеднички ќе ја надминеме!, се вели во објавата на Ѓорѓиевски.

Командантот Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ) Звонко Томевски утрово за МИА изјави дека пожарникарот бил пратен на снимање и потоа е вратен на работа.

Од МВР за МИА информираат дека синоќа во 23:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Петар Дељан“ во Скопје настанал пожар во стан сопственост на Ј.Ј.(86) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а поради вдишување на чад во Комлексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош биле пренесени сопственикот, неговата сопруга Г.Ј.(69), еден полициски службеник и еден пожарникар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав