Двајца Срби потешко повредени во сообраќајка кај Пештани

Од:

Две лица од Србија се тешко повредени во сообраќајната незгода што рано утрово во 6 часот и 40 минути се случила на влезот од Пештани.

Двајцата срби го извлекле подебелиот крај во моментот кога движејки се по патот неофицијално во нив удрило патничко моторно возило со италијански регистарски таблички управувано од лице од Охрид.

Според информации на полицијата, возилото изгубило контрола и удрило и во две возила, едно таксимарка „ Шкода“, кое било во движење и друг автомобил кој бил паркиран покрај патот. Двајцата срби, маж на возраст од 61 година и жена на возраст од 53 години, веднаш се пренесени во болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Со лесни телесни повреди се здобило и едно од лицата кое се наоѓало во такси возилото.

Увидот на лице место се уште е во тек и дополнитлено се утврдудваат причини за сообраќајната несреќа.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он