Двајца скопјани тргувале со оружје

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против С.А. (20) и З.А. (55), двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При реализацијата на случајот, како што соопшти МВР, пронајдени се и одземени автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, рамка за автоматска пушка, тромблонски додаток за пушка, пиштол М- 57 калибар 7,62 и 187 куршуми, сигнален пиштол и 50 куршуми калибар девет милиметри за сигнален пиштол, како и еден пригушувач за истиот пиштол.

По претходно добиено оперативно сознание дека двајцата недозволено поседуваат огнено оружје, Единицата за недозволена трговија презеде соодветни мерки и активности за обезбедување материјални докази. Завчера беше извршен претрес во домовите на двајцата пријавени. Во домот на С.А. беа пронајдени автоматска пушка калибар 7,62 милиметри, една рамка за автоматска пушка со шест куршуми, 68 куршуми калибар 7,62 милиметри за автоматска пушка, тромблонски додаток за пушка, 54 куршуми калибар 7,62 милиметри за пиштол и една кутија со 50 куршуми за сигнален пиштол калибар девет милиметри. При претресот на домот на З.А. пронајден е еден пиштол М- 57 калибар 7,62 милиметри со 59 куршуми и еден сигнален пиштол. По извршените претреси двајцата се приведени во службените простории на СВР Скопје каде во извршениот разговор С.А. појаснил дека оружјето и муницијата кои беа пронајдени при претресот во неговиот дом се останати од неговиот починат дедо, а З.А. појаснил дека пиштолот го купил од Сараево пред 25 години од непознато лице.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски