Двајца скијачи од Тетово се изгубиле на Шапка

Од:

Двајца скијачи од Тетово вчера се изгубиле на Попова Шапка, а потрагата по нив траела седум часа. За среќа, мисијата завршила успешно и двајцата скијачи бие пронајдени и пренесени во нивните домови.

Според информациите на МВР, Љ.С. вчера околу 19 и 30 часот пријавил во полиција дека 29-годишниот М. Љ. и 45-годишниот Ш.Ф., и двајцата од Тетово, се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони.

Од МВР информираат дека веднаш била организирана потрага по исчезнатите скијачи, во која учествувале повеќе полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба. Заталканите скијачи биле пронајдени ноќеска околу 2 часот и 30 минути и биле пренесени до Долно Палчиште, од каде со полициско возило биле пренесени до нивните домови.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски