Двајца приведени за 16 тешки кражби во возила во Шуто Оризари

Од:

Полицијата денеска привела две лица кои извршиле 16 тешки кражби во возила во скопската општина Шуто Оризари.

Како што се наведува во соопштението од МВР, на денеска полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто Оризари.

Тие, како што се посочува, со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети.

При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците.

Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски