Двајца прилепчани осомничени за тешка кражба во стан во Скопје

Од:

Двајца прилепчани се осомничени за тешка кражба во стан во Скопје, од каде одзеле накит во вредност од 65.000 денари, а поради опасност да го повторат делото обвинителството предлага да им биде определен притвор.

Како што информираа од Основното јавно обвинителство Скопје, поведена е постапка против две лица осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Осомничените жители на Прилеп, на возраст од 30 и 29 години, на 1 февруари заедно провалиле во стан на улицата „Никола Парапунов“ во Скопје. Едниот осомничен внимавал некој да не наиде, додека другиот го скршил цилиндерот на надворешната врата и од станот одзел накит во вредност од 65.000 денари.

-Јавниот обвинител му предложи на судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје да определи мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постојат околности кои укажуваат дека тие би можеле да се дадат во бегство или да го повторат делото, информираат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра

Кражба на кабел за фотоволтаици, направена е штета од 15.000 евра

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Украл возило и возел под дејство на алкохол, па излетал од патот

Полицијата уапси тројца крадци кои ограбиле фирма

Скопјанец украл 10 илјди евра од менувачница