Двајца прилепчани обвинети за тешка кражба во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – тешка кражба.

– Обвинетите, на возраст од 34 и 25 години, инаку жители на Прилеп, на 2 септември заеднички провалле во стан на улица „Манапо“ во Скопје, така што со употреба на подесен клуч „калауз“ ја отвориле бравата од влезната блиндор врата. Извршиле пребарување на станот и одзеле женски парфеми, стара колекција пари, рачни часовници и накит во вкупна вредност од 474.000 денари, наведоа од ОЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје донесе и предлог за продолжување на мерката притвор за првиот обвинет, додека вториот се уште е недостапен на органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он