Двајца позитивни на Ковид-19 починаа на штипското Инфективно одделение

Од:

На Инфективното одделение при Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти со Ковид – 19.

Директорот на Клиничка болница – Штип, Ален Ѓеорѓијев, за МИА вели дека станува збор за пациенти на возраст од 80 и 75 години.

Осумдесетгодишниот пациент на Инфективното одделение е хоспитализиран на 5 јуни, состојбата му беше тешка во текот на лекувањето и беше со кислородна поддршка. Додека 75-годишниот пациент е донесен вчера во претпладневните часови со симптоми на коронавирусот, починал неколку часа по хоспитализацијата, а брисот дека е позитивен пристигнал пост мортем. Двајцата пациенти претходно имале други здравствени проблеми.

На Инфективното одделение во моментов се хоспитализирани 22 пациентите од општините од источниот регион, а двајца се сомнителни и за нив се чекаат резултатите од земените брисеви. За само една недела од коронавирисот во штипската Клиничка болница починаа тројца пациенти, минатата недела почина 63-годишна жена.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски