Двајца повредени во тепачката меѓу средношколци од „ПТТ” и „Хемиско”

Од:

На скопскиот булевар „Трета македонска бригада“ синоќа околу 19 часот во близина на автобуската постојка се степале ученици од средното хемиско „Марија Кири-Склодовска” и државно училиште за железнички и ПТТ сообраќај „Владо Тасевски“.

Во тепачката се повредени В.К. 16-годишен ученик и Р.К 17-годишна ученичка, и двајцата од Скопје.

Како што потврдуваат од МВР, двajca 16-годишни ученици се повикани на разговор, а идентификувани се неколку лица кои учествувале во тепачката.

Како што појаснуваат од МВР, две поголеми групи учесници од двете средни училишта кои влегувале и излегувале од автобусот почнале да фрлаат камења и тврди предмети едни кон други, по што за кратко сообраќајот бил стопиран.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата