Двајца повредени во судар на автомобил и камион на патот Велес-Градско

Од:

Во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Велес-Градско, во близина на клучка Караслари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка управувано од Д.Н.(28) од с.Ваташа и возило „фолксваген поло“ управувано од Х.У.(61) од Косово.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот на возилото „фолксваген поло“, додека со повреди се здобил неговиот сопатник П.К.(60) од с.Долно Соње, општина Сопиште, констатирани во Општата болница Велес.

Од полицијата велат дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

Загина маж во сообраќајка на „Ленинова“, возачот е во бегство

Горан Наумовски

Тројца пациенти повредени во „Пулс“ сè уште се лекуваат во странство

Горан Наумовски

Срби на пат кон Грција, ќе загинеле во сообраќајка кај Демир Капија

Горан Наумовски

52-годишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајка

Србинка е тешко повредена во сообраќајка близу Велес