А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Двајца повредени во сообраќајна несреќа во Тетово

by А1он06/07/2013 - 14:2007/07/2013 - 15:34116
Share0

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 10 часот и 30 минути се случила на кружниот тек од крстосницата на булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Илинденска“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Добивај вести на вибер

– Во сообраќајката учествувале моторцикл со тетовски регистарски таблички управуван од И.Б(54) од Мала Речица кој се здобил со телесни повреди и пешачката Б.Н.(66) од Тетово која во судирот се здобила со скршеница на рамена коска и други повреди. И двајцата биле префрлени во Тетовската клиничка болница од каде по укажаната лекарска помош биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото од несреќата извршиле полицајци од Станицата за безбедност на патниот сообраќај и работат на откривање на причините и се друго поврзано со оваа сообраќајка, рече Јосифовски.

Тој посочи дека викендов на подрачјето на СВР Тетово се спроведуваат засилени контроли на моторциклистите што започнале вчера во Тетово и Гостивар, а денеска продолжуваат за да се утврди дали се почитува сообраќајната дисциплина во однос на регистрирањето на моторциклите, носењето на заштитна опрема и пребрзото возење.

-Сите оние моторциклисти што не ги почитуваат овие правила ќе бидат санкционирани и отстранети од сообраќај особено затоа што со доаѓањето на печалбарите во многу е зголемена сообраќајната фрекфенциј во тетовско гостиварскиот регион, најави Јосифовски.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:3807/02/2026 - 12:39

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:42

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски27/01/2026 - 15:0127/01/2026 - 19:14

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски22/01/2026 - 18:2322/01/2026 - 18:45

Голема несреќа во Сеул: Автобус удри пешаци, 13 лица се повредени, двајца се тешка здравствена состојба

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:3516/01/2026 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен