Двајца повредени во сообраќајка кај Делчево

Од:

Две лица потешко повредени во сообраќајка што се случила синоќа меѓу трактор и „сеат ибица“ на регионалниот пат Пехчево – Делчево кај месноста Стамарески преод.

Според Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип, и двете возила се движеле во иста насока, од Пехчево за Делчево.

– На тракторот со приколка кој не бил регистриран, се превезувале четири лица, возачот на тракторот, 49-годишниот В.Ц., неговиот син, татко и сопруга, а ПМВ со делчевски регистерски таблички, го управувал 22-годишниот М.Д. Возилото се удрило во тракторот и од несреќата со повреди завршиле возачот на тракторот и неговиот син, при што веднаш им е укажана прва помош и со возило на Итната медицинска служба во Делчево се однесени во Клиничка болница Штип. Другите учесници не се повредени, информира Панајотова.

Надлежните органи извршиле увид на местото на несреќата по комплетирање на доказите ќе се утврдат и причините кои довеле до несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он