Двајца повредени во инцидент во кумановско Лопате

Од:

Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот  дошло по претходна расправија помеѓу две групи.

Според полицијата,  три лица од кои двајца браќа, превезувајќи се со „фолксфаген бенто“ со кумановски регистарски таблички му го пресекле патот на автомобил „фолксфаген шаран“ со австриски национални ознаки, во кој исто така имало три лица од кои двајца браќа близнаци. Во „бентото“ се превезувале 33 годишниот Ф.А, 30 годишниот Ф.А и уште едно непознато лице. Ф.А излегол од „бентото“ и со рачка од пиштол, почнал да удира во страничното стакло на возачката врата на  „шаранот’. Возачот на „шаранот„ В.З (1997) го стартувал возилото и тргнал наназад,у дрил во заштитната ограда, по што се слушнале неколку истрели од оружје. Патниците од „шаранот„“ возачот В.З, неговиот брат близнак Ф.З и лицето Р.А (1995) излегле и сакале да побегнат. Р.А бил удрен со цврст предмет по главата, по што паднал. Браќата близнаци биле физички нападнати и успеале да избегаат.Ф.З и Р.А се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Кумановската болница.

Полицијата трага по трите лица од „бентото“, извршен е увид по овластување на основен јавен обвинител, земени се материјали за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи