Двајца повредени во две сообраќајки во Тетово

Од:

Две сообраќајки со повредени  моторциклист и велосипедист се случиле за изминатите 24 часа на булеварот „Илинденска“ во Тетово.

Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека една од сообраќајките се случила денеска околу 10:40 часот во непосредна близина на Државниот тетовски универзитет во Тетово. Во неа учествувале товарно возило „рено канго“ со тетовски таблички, управувано од З.А.(22)  и моторцикл „хонда“ со бугарски таблици, управуван од Џ.Џ.(18).

– Моторциклистот се здобил со телесни повреди и пренесен е во тетовската Клиничка болница каде лекарите констатирале посериозни повреди  и најверојатно тој ќе биде задржан на натамошно лекување. Според првичните информации, причина за сообраќајката е недавање првенство од товарното возило а вкупната материјална штета се проценува на околу 30 илјади денари, рече Јосифовски.

Втората сообраќајка се случила вчера околу 8:30 часот на крстосницата на улицата „Илинденска“ и таканаречената Брвеничка кривина во Тетово.

Според полицијата, сообраќајката се случила меѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски таблички, управувано од Х.И.(55) од Гајре и велосипедист В.К.(52) од Тетово. Велосипедистот се здобил со телесни повреди и е пренесен во тетовската болница, а по укажаната помош пуштен е на домашно лекување. Според првичните информации од увидот, причина за судирот е непочитување на светлосните знаци на крстосницата од велосипедистот.

Податоците на полицијата покажуваат дека на булеварот „Илинденска“ во Тетово годинава се случиле седумдесетина сообраќајни несреќи.

Би можело да ве интересира

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски