Двајца потешко и шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје

Од:

Двајца сопатници се здобиле со тешки телесни повреди, а шест лица се здобиле со лесни повреди во седум од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје се исклучени девет возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, десет пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и шест возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издадени 53 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 44 возила.

Казнети се и еден возач кој поминал на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, тројца за не правилно престигнување, еден возач за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 12 возачи за не носење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 12 возачи за користење мобилен телефон за време на управување на моторни возила.

Би можело да ве интересира

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ

Снег во Дебарско, прекини во снабдувањето со струја

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Предраг Петровиќ