Двајца потешко и 14 полесно повредени во 16 сообраќајки во Скопје

Од:

Две лица се потешко, а 14 полесно повредени во вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во Скопје во изминатото деноноќие.

Сообраќајната полиција санкционирала девет возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, а девет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 58 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 60 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ