Двајца полицајци им „замижале“ на двајца бегалци од Албанија

Од:

Мерка притвор му е доредена на полицаец од граничниот премин ДОлно Блаце, а на негов колега истражен судија му го одзел пасошот, откако двајцата дале исказ по однос на пријавата од нивните колеги од Скопје, кои ги сомничат дека сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

МВР тврди дека сега осомничените пред два дена им овозможиле на двајца албански државјани од Македонија да избегаат во Косово иако по нив имало распишано полициска телеграма за задржување.

„Албанските државјани во 13.25 часот пристигнале на граничниот премин со возило „мерцедес“ и додека се преземале мерки по телеграмата, задржаните лица не биле обезбедувани од полициски службеник, а возачот на возилото не бил контролиран. Околу 16 часот, првопријавениот му овозможил на возачот со возилото да оствари влез во Република Косово без проверка на лични документи и документи за возилото. Во 16.20 часот, возачот со возило се вратил во меѓузоната, а во 17.26 часот влегол во станицата и набргу заедно со возилото заминале и оствариле влез во Косово. После тоа, откако било утврдено дека лицата се оддалечиле, пријавените не презеле никакви мерки за нивно пронаоѓање“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Срамно, се потврди дека шест невини полицајци ќе одговараат за да се заштити Наим Рамука

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тројца полицајци се снимале како незаконски пукаат од „калашников“, сега заработија пријави

Горан Наумовски

Беровчанец со автомобил прегазил полицаец, а на друг полициски службеник му упатувал закани

Странци пријавиле двајца полицајци дека им барале поткуп – поведена е дисциплинска

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Само дисциплински за полицајците од Тетово, осомничени за три кривични дела